Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.
Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.
Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.
Од Царинската управа информираат дека ќе продолжат со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
МИА
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода