Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка.
Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички.
• Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Богородица. Цигарите биле пронајдени во две ќеси сместени на горниот дел од цистерната во просторот околу отворот за полнење. Вредноста на цигарите изнесува 16.200 денари, а избегнати се давачки во износ од 27.195 денари.
• Во вториот случај, на граничниот премин Дојран на влез во државава запленети се 10 штеки цигари при контрола на камион. Цигарите се пронајдени при преглед во кабината на камионот во најлонска ќеса. Вредноста на цигарите изнесува 6.480 денари, а избегнати се давачки во износ од 15.896 денари.

Мобилни тимови на влез во држвава на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на дрон марка MAVIC 2 ENTERPRICE со батерии, полнач и контролер со проценета вредност од 159.660 денари.
Во два случаи од страна на мобилните тимови запленети се разни прозиводи со ознаки на заштитени трговски марки.
• Во првиот случај запленети се 15 детски електрични автомобили со ознаки на заштитени трговски марки кои се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.
• Во вториот случај запленети се 1.190 тетратки, 70 детски шатори и 1.390 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, исто така задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

При контрола на автомобил на граничниот премин Табановце на влез во држвава од страна на мобилните тимови, пронајдена е британска регистарска табличка и сообраќајна дозвола за камп приколка. Непријавените предмети биле пронајдени под патосницата зад совозачкото седиште и во задниот џеб на совозачкото седиште.
Царинска управа
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
