ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар, Фридрих Мерц, победи на вчерашните локални избори во северозападната германска покраина Долна Саксонија, покажува анкета на излезноста, пренесе ДПА.
Добрата вест за Мерц доаѓа само една недела откако тој претрпе тежок удар на изборите за покраинскиот парламент во источната покраина Саксонија-Анхалт, на кои крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) постигна историски успех.
Според анкетата на институтот „Инфратест димап“, објавена од јавниот радиодифузен сервис „Ен-Де-Ер“, ЦДУ во Долна Саксонија освои 27,7 отсто од гласовите. На второ место е помалиот партнер во владејачката коалиција на федерално ниво, Германската социјалдемократска партија (СПД), со 24,5 отсто.
АфД е трета со 16,5 отсто од гласовите, што е значително повеќе од резултатот на претходните локални избори во покраината во 2021 година, кога антимигрантската партија освои само 4,6 отсто од гласовите, забележува ДПА.
Евентуалните втори кругови на локалните избори во Долна Саксонија ќе се одржат на 27 септември. Сигурно е дека втор круг ќе има во покраинската престолнина Хановер, каде што актуелниот градоначалник од редовите на Зелените, Белит Онај, ќе се соочи со неговиот противкандидат од СПД, Аксел фон дер Ое.
Следната недела, на 20 септември, ќе се одржат избори за покраинските парламенти во двете источни германски покраини – Берлин и Мекленбург-Западна Померанија. Анкетите на јавното мислење предвидуваат слаб резултат на ЦДУ. Ситуацијата изгледа особено загрижувачка во Мекленбург-Западна Померанија, каде што поддршката за партијата падна на седум отсто, наведува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
