Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022

Цената на нафтата денеска достигна највисоко ниво во последните четири години, откако политичкиот портал „Аксиос“ објави дека американската команда ќе го информира претседателот Доналд Трамп за можни акции против Иран, што ги засили стравувањата од нова ескалација на вооружениот конфликт на Блискиот Исток.
Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на лондонската берза изутринава порасна за дури 6,84 отсто, на 126,10 долари за барел, а потоа се намали на околу 123,7 долари, што сепак е 4,8 отсто повеќе од претходниот ден. Истовремено, американската „лесна“ нафта надмина 110 долари.
Цените на нафтата значително пораснаа и вчера и тоа за повеќе од шест проценти. Цената на нафтата од типот „Брент“ сега е на највисоко ниво од почетокот на 2022 година.
Политичкиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на два извора запознаени со ситуацијата, објави дека американската Централна команда се подготвува да му презентира на Трамп планови за можна воена акција против Иран.
Трамп, според претходни извештаи, го одбил предлогот на Техеран за повторно отворање на Ормуската Теснина, што укажува дека поморската блокада ќе остане на сила се додека не биде постигнат поширок договор за иранската нуклеарна програма.
Преминот на танкери низ Ормуската Теснина, преку кој поминува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, и понатаму е сериозно нарушен, а најновите случувања дополнително ја зголемуваат загриженоста за снабдувањето со енергенси.
„Голдман Сакс“ проценува дека извозот преку таа клучна рута паднал на само четири отсто од вообичаеното, во мигови кога преговорите меѓу САД и Иран се во застој, а американската блокада дополнително го оптоварува снабдувањето.
МИА
Ново на Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
-

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај
-

Сирски нареди задолжителна ротација на украинските војници на првата линија на одбраната
-

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Македонија
-

Во средно училиште во Тетово нападнати две лица со остар предмет од 15-годишник
-

ЗМАИ: Напредокот во неонаталната грижа покажува дека системски промени се можни и во македонското здравство
-

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ
-

19-годишник загина во сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл и автобус во Прилеп
