Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел

Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел.
Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање.
Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на Њујоршката трговска берза (NYMEX) се зголемија за 2,21 долари на 89,57 долари за барел.
Во текот на викендот, САД и Иран разменија предлози за нацрт-договор со кој ќе се продолжи примирјето и ќе се отвори Ормуската Теснина, но степенот на напредок во разговорите останува нејасен.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повтори своето барање Техеран да ја суспендира својата нуклеарна програма и целосно да го врати статусот на Ормуската Теснина како отворена меѓународна транспортна „артерија“, според Trading Economics.
Цените на нафтата во мај паднаа, но сепак се повисоки во споредба со нивоата пред војната.
МИА
Ново на Сител
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
-

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра
-

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
