Македонија
25. October 2026 - 16:39

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?

Скапата нафта на светслите берзи ги крева цените на горивата и кај нас. За една недела брентот поскапе за скоро 7 отсто, а повисока вредност има и доларот во  однос на денарот.

Токму овие два параметри влијаат на одлуката што  Регулаторната Комисија треба да ја донесе утре.

Инаку брент нафтата ја заврши неделата на највисоко  ниво во изминатите 5 месеци, а аналитичарите стравуваат дека растот може да проодолжи по објавите дека Америка и Израел прават планови за обновување на нападите врз Иран по американските  избори во ноември.

Иранскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека политиката на Техеран нема да се промени, без  разлика дали ќе  следи уште еден воен напад

„Без разлика дали ќе избувне војна или не, нашите политики ќе останат непроменети. Доколку има каква било рационалност, тие нема да се обидат со уште еден воен напад или агресија против иранскиот народ. Тие се обидоа двапати и ги видоа резултатите. Ако сакаат да се обидат уште еднаш, тоа зависи од нив. Тие нема да постигнат никаков различен резултат од претходните обиди.“

Евростат пак, објави  дека цените на горивата во септември се зголемиле за над 30 отсто во однос на истиот месец лани. Во 3 земји од Унијата  регистрирано е поголемо зголемување од 40 отсто и тоа во Бугарија, Естонија и Литванија.

Во споредба со претходниот  месец, август -  дизелот во септември поскапел за речиси 6%, а бензинот за 6,7 отсто.  Најголемо поскапување има во Шведска, Латвија и Полска , додека најмали во Шпанија. Хрватска  и Романија. Македониа не е на лситата, затоа што не членка на Унијата.