Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел

Цените на нафтата продолжија да се намалуваат и денеска, откако инвеститорите видоа знаци за враќање на превозот низ Ормуската теснина и напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран, пренесуваат светските агенции.
Фјучерсите за суровата нафта од типот Брент поевтинија за 94 центи, или 1,22 проценти, на 77,7 долари за барел. Американската лесна сурова нафта поевтини за 77 центи, или 1,04 проценти, на 73,09 долари за барел.
Двата главни нафтени референтни центи изгубија повеќе од три проценти од својата вредност вчера откако Вашингтон му одобри на Техеран 60-дневно ослободување од санкции по првата рунда мировни преговори, а официјалните претставници соопштија за застој на борбените дејствија во Либан.
И покрај намалувањето на цените, аналитичарите забележаа дека инвеститорите остануваат внимателни поради продолжувањето на недовербата меѓу Вашингтон и Техеран.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
