-->
-->
Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-->

Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина.
Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми и потсетија дека цените неодамна паднаа на нивоата на кои беа пред почетокот на војната со Иран на крајот на февруари.
Кога станува збор за промените во вредноста на светските валути, американскиот долар се скокна на 162,38 јапонски јени, а еврото остана непроменето на 1,1414 долари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
