Цените на туристичките аранжмани во Македонија и Србија растат побрзо отколку во 90 отсто од Европа

Цените на туристичките аранжмани во Северна Македонија во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6 отсто, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и Србија каде аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2 отсто, покажуваат податоците на Евростат, соопшти Bloomberg Adria.
Аранжманите во Хрватска во јули се повисоки за девет отсто во однос на истиот период лани, во Словенија за 6,7 отсто, во Албанија за 1,4 отсто, додека туристичките аранжмани во Црна Гора се пониски за еден отсто.
Најголемо поскапување на туристичките аранжмани имало во Турција, каде што цените пораснале за дури 49,5 отсто. Следува Франција, каде услугите за туристите се повисоки за 22,2 отсто. Повисоките цени во Франција може да се препишат на одржувањето на Летните олимписки игри, со оглед на тоа што Париз заедно со уште неколку градови беше домаќин на оваа светска спортска манифестација од 26 јули до 11 август.
Потоа, повисоки цени на аранжманите за туристи се забележани во Италија (19,5 отсто), Кипар (16,7), а веднаш зад овие земји се Северна Македонија и Србија.
Земјите каде што цените на аранжманите паднаа во јули се Данска (0,2 отсто), Црна Гора (1 отсто), Финска (2,7 отсто), Малта (2,9 отсто) и Норвешка (3,9 отсто).
Во ЕУ цената на пакет аранжманите во јули е повисока за 6,6 отсто. Цената на домашните аранжмани е зголемена за 11,1 отсто, а на меѓународните за 5,7 отсто.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
