Македонија
24. October 2026 - 19:52

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос

Дивите депонии и несоодветното одлагање на отпадот со години претставуваат еколошки проблем за општините од Источниот и Североисточниот регион.

Решението треба да го донесе регионален проект со кој ќе се воспостави заеднички систем за управување со комуналниот отпад, наместо секоја општина проблемот да го решава одделно. Централниот комплекс е предвиден кај светиниколското село Мечкуевци, а со проектот се опфатени 18 општини.

-Планот ги опфаќа сите аспекти на интегрирано управување со отпад.Овој систем ќе овозможи управување со отпадот според највисоките европски стандарди за зачувување на животната средина и верувам економска одржливост“, изјави Филип Иванов, експерт за животна средина.

За да стигне отпадот од населените места до регионалниот центар, предвидена е мрежа од шест претоварни станици во Штип, Виница, Берово, Куманово, Ранковце и Македонска Каменица. Со нив треба да се организира транспортот од поширокото подрачје, кое брои околу 370.000 жители и генерира повеќе од 112.000 тони отпад годишно.

-Предвидено е отпадот од домаќинствата да се собира во две канти за влажна и сува фракција, односно рецеиклабилна и нерециклабилна. Централниот комплекс нема да биде само санитарна депонија, туку ќе вклучува и постројки за махенаичко-биолошки третман, селекција на матрејалите, компостирање и третман на исцедок, додаде Иванов.

Покрај новата инфраструктура, значаен дел од проектот е отстранувањето на постојните еколошки оптоварувања преку затворање на нестандардните и дивите депонии. За граѓаните, тоа треба да значи помалку неконтролирани места за одлагање отпад и подобра заштита на околината.

Изградбата на регионалниот центар е дел од пошироките напори за усогласување на управувањето со отпадот во земјава, со европските стандарди.