Македонија
4. October 2019 - 16:54

Чадиковски со тимот почнува со операции во Систина

Операции на срце кај бебиња ќе се прават и во “Аџибадем Систина” во Скопје. Во тимот кој брои 15 луѓе покрај единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава Владимир Чадиковски ќе има и двајца кардиохирурзи од Турција со долгогодишно искуство.

-Имав можност да ги посетам нивните болници и сум фасциниран од комплексноста на операциите кои се извршуваат таму и бројот на интервенции. Ми претставува задоволство што ќе има можност да направиме еден референтен, акредитиран центар во земјава за децата со срцеви мани со помош на колегите и на некој начин комплетно да ја копираме нивната успешна програма во државава во рамки на една заедничка корпорација, како што е „Аџибадем“,  изјави д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург.

Кардиохирурзите од Туција за операции во земјава  ќе бидат достапни секоја недела.

- Ќе дадеме се од себе за да и помогнеме на оваа наша братска земја и на овие пациенти, изјави  Ерсин Ерек. Кардиохирург од „Аџибадем“ ,Турција.

-Заедно со професор Ерсин имаме оперирано повеќе од 15.000 пациенти во последните 25 години, рече д-р Јусуф Кенан Јалчинбаш, кардиохирург од „Аџибадем“ ,Турција.

Кардиохируршкиот тим најави дека многу скоро ќе ги направат и првите интервенции кај деца со срцеви маани во болницата во Скопје. Здравствените власти во повеќе наврати рекоа дека државата ќе ги покрива операциите за македонските пациенти и во двете приватни болници.