Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки

Западниот романски град Тимишоара втор ден по ред е покриен со густ чад и силен мирис на изгорено, кои доаѓаат од големите пожари во соседна Србија каде што веќе изгореа илјадници хектари шума и тревна вегетација.
Поради влошениот квалитет на воздухот и намалената видливост, Дирекцијата за јавно здравје на округот Тимиш излезе со итни препораки за заштита на населението:
Ограничување на движењето: Граѓаните, а особено постарите лица и малите деца, да го ограничат престојот на отворено и да ги држат прозорците од домовите затворени. При задолжително излегување се препорачува носење заштитни маски.
Сообраќај и патувања: Да се избегнува патување со возила поради значително намалената видливост на патиштата.
Јавни манифестации: Да се одложат сите планирани настани на отворено со голем број учесници, како што се спортски натпревари, фестивали, пазари и други манифестации.
„Оваа ситуација може да доведе до влошување на респираторните симптоми, особено кај ранливите лица со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања“, предупредуваат од Дирекцијата, советувајќи ги сите кај кои ќе се влошат симптомите веднаш да побараат медицинска помош.
Вчера на итниот телефон 112 во Тимишоара и округот Тимиш пристигнале десетици повици од загрижени граѓани кои пријавиле силен мирис на чад. Пожарникарите испратиле екипи за проверка на теренот, но било потврдено дека нема активни пожари на романска територија во тие подрачја.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
-

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне
-

Трамп потпиша меморандум за зголемување на комерцијални вселенски лансирања
-

Хрватската Влада забранува исклучување на електричната енергија за ранливите потрошувачи
-

Сончево и многу топло до 40 степени
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
