Чаир со проширена акција за чистење во пресрет на Курбан Бајрам

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината.
-Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот, соопштуваат од Општината.
Оттаму додаваат дека вчера во то текот на денот биле реализирани и активности за чистење и уредување на дворовите на џамиите на територијата на општината, додека акцијата продолжила и во текот на ноќните часови, согласно потребите на терен.
Општина Чаир апелира за зачувување на чистотата и заедничка грижа за јавните површини, со цел празникот да се дочека во достоинствена и уредена средина за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
