ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Од научниот истражувачки центар за геномика Рамачиоти (Ramaciotti Centre for Genomics) при Универзитетот УНСВ, Конингам побарал да се одреди ДНК-та на неговото куче откако ЧетГПТ предложил имунолошка терапија. Според професор Смит, секвенцирањето на ДНК-та овозможува истражувачите да го лоцираат туморот и прецизно да ги утврдат мутациите што предизвикуваат рак, и по тоа да заклучат што ја предизвикало болеста.
Осумгодишната женка Рози, која претходно била напуштена во природа, пронашла нов животен пат откако технолошки претприемач од Сиднеј, Пол Конингам ја вдомил во 2019 година. Среќата траела до 2024 година. Тогаш кај Рози бил дијагностициран агресивен мастоцитен рак. Конингам вложил значителни средства во ветеринарна хемотерапија и хируршки третмани, кои успеале да го успорат развојот на туморот, но не и да го намалат.
Адаптирана МРНА (mRNA) вакцина против рак дала изненадувачки резултати. Туморот со големина на тениска топка на зглобот на миленикот се намалил. Вакцината дотогаш се користела само кај луѓето. Научниците биле изненадени од нејзиниот ефект. Конингам се обратил на четботот ЧетГПТ да истражи можни третмани за ракот кај Рози.
Потоа ангажирал некои од водечките австралиски научници за да ја произведат вакцината во лабораториите на Универзитетот Њу Саут Велс. Ветеринарниот истражувач го одобрил експерименталниот лек.
Од научниот истражувачки центар за геномика Рамачиоти (Ramaciotti Centre for Genomics) при Универзитетот УНСВ, Конингам побарал да се одреди ДНК-та на неговото куче откако ЧетГПТ предложил имунолошка терапија. Според професор Смит, секвенцирањето на ДНК-та овозможува истражувачите да го лоцираат туморот и прецизно да ги утврдат мутациите што предизвикуваат рак, и по тоа да заклучат што ја предизвикало болеста.
Конингам, експерт за вештачка интелигенција и инженер за електротехника и компјутери, по завршеното геномско секвенцирање на Рози – вредно 3.000 долари, веднаш започнал со работа. Тој го споредил здравото ДНК од крвта на Рози со ДНК-та од туморот за да ги идентификува мутациите што предизвикуваат рак.
Откако мутациите биле детектирани. По добиените резултати, поминати низ неколку аналитички процеси, користел алгоритми за идентификација на потенцијални лекови кои би можеле да го утврдат туморот. Открил имунолошки лек кој не бил пуштен во продажба.
Тимот за геномика се обратил на Пал Тодарсон, директор на РНА (RNA), при институтот на УНСВ. Тодарсон, експерт за наномедицина, ги користел податоците на Конингам за да развие приспособена МРНА (mRNA) вакцина за Рози.
Научникот напоменил дека ова е првпат да се дизајнира персонализирана, и ефикасна вакцина за куче. Овој револуционерен метод го привлече вниманието на Научната заедница и ја истакна значајната улога на вештачката интелигенција, геномското секвенцирање и МРХА (mRNA) технологијата во развојот на персонализирани терапии за рак, кои можат да ги спасат животите на животните и луѓето.
МИА
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
