Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека во изминатото деноноќие четири лица се лишени од слобода за семејно насилство, а имало вкупно седум пријави.
На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 58-годишен маж пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата 56-годишна сопруга. Иста така во 19:45 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена пријави дека околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 58-годишен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(35) од светиниколско, по претходна пријава дека околу 13:00 часот физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна партнерка. Според пријавеното, таа подолг временски период добила ѝ закани од него, барајќи ѝ парични средства, а исто така телефонски ги вознемирувал нејзините блиски членови од семејството и нејзините пријатели. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Р.(56) од Скопје, по претходна пријава дека околу 17:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 47-годишна сопруга, неговите две ќерки и неговиот син, а употребил и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 08:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.Л.(71) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 07:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреди. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 08.07.2026 во 15:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.С.(45) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 70-годишна мајка. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во здравствена установа. По документирање на случај против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.07.2026 во 11:00 часот во ОВР Неготино, 63-годишна скопјанка пријави дека во домот на нејзините браќа во Неготино, била физички нападната од нејзиниот брат С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
-

Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
-

На плажа во Пефкохори жена касната од отровната риба-зајак додека влегувала во морето
-

Иран му порача на Макрон: Само ние ќе ги отстраниме мините од Ормуската теснина
