Македонија
20. January 2026 - 14:24

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид

На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност, соопшти МВР.

Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.