Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза

Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво.
Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува на Пелопонез од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија.
Четирите медитерански земји се согласија да ја продлабочат соработка во четири главни области – зајакнување на безбедноста во регионот, помагање на засегнатото население на терен, спроведување на новиот Европски пакт за миграција и азил и зајакнување на заштитата на надворешните граници на ЕУ во согласност со меѓународното право.
Меѓу предложените мерки се и поблиска соработка со земјите на потекло и транзит на мигранти, засилување на борбата против трговците со луѓе и мрежите за трговија со луѓе и евентуално активирање на европскиот механизам за кризи.
Италија, Грција, Малта и Кипар се меѓу најпогодените држави од нерегуларната миграција кон ЕУ. Кон крајот на април, четирите земји започнаа заедничка иницијатива за справување со можен нов бран мигранти поради ситуацијата на Блиски Исток.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
