Loading Video...
Кошарка
8. February 2022 - 14:08

Четири победи на гостите на петте одиграни натпревар

Во НБА лигата ноќеска беа одиграни пет натпревари.   
 
Дербито се играше во Чикаго каде гостуваше најдобро рангираниот тим во лигата Феникс Санс. 
 
Предводени од Девин Букер 38 поени и Крис Пол кој оствари дабл-дабл учинок со 19 поени и 11 асистенции „сонцата“ од Аризона, забележаа победа со 127-124. 
 
Победи забележаа и второ и четврто рангираните екипи на западот, Голден Стејт и Јута. 
 
„Вориорси“ славеа на гости кај Оклахома со 110-98, додека „џезерите“ пред својата публика го совладаа Њу Јорк со 113-104. 
 
Победа забележа и водечката екипа во Источната конференција, Мајами која во Вашингтон ги совлада „Визардси“ со 121-100. 
 
Успешната вечер на гостинските екипи кои забележаа четири победи на петте натпревари беше најавена со триумфот на Торонто против Шарлот со 116-101.