Четворица загинати при уривањето на зградата во реновирање во Мадрид

Четири лица загинаа откако се урна зграда во реновирање во центарот на Мадрид, објави државниот радиодифузер RTVE рано утринава, повикувајќи се на службите за итни случаи кои велат дека сите тела се пронајдени, пренесе ДПА.
-Две тела беа пронајдени во урнатините доцна синоќа, речиси 10 часа по несреќата, изјави градоначалникот на градот, Хозе Мартинез Алмеида. Уште две беа пронајдени и извлечени кратко пред 3 часот утринава, објави RTVE.
Четири лица првично беа пријавени како исчезнати, вклучувајќи тројца мажи и една жена. Властите соопштија дека жената била водечки архитект на проектот.
Властите соопштија, дека при уривањето на објектот тројца работници се повредени, од кои двајца полесно и еден има скршена нога.
Шесткатната зграда делумно се урна вчера, непосредно по 13 часот, во близина на Плаза де Изабел II, позната и како Плаза де Опера. Зградата се реновираше веќе некое време, пренесува ДПА.
„Неколку тавански конструкции на зградата, која беше во процес на реновирање, се урнаа“, изјави Беатрис Мартин, портпаролка на службите за итни случаи на Мадрид, додавајќи дека е „прерано“ да се шпекулира за причината.
Очевидци пријавија силен тресок проследен со густ облак од прашина. „Одеднаш не можевте ништо да видите“, изјави за RTVE Хозе, работник од блискиот бар.
„Звучеше како бомба, сите бевме многу исплашени“, рече Бојана, вработена во пекара во близина на местото на несреќата.
Шеснаесет единици на противпожарната бригада на Мадрид беа распоредени за да ги обезбедат остатоците, да спречат понатамошни уривања и да бараат потенцијално затрупани лица. Исто така, беа користени кучиња трагачи и беспилотни летала, а службите за итни случаи опширно ја опколија областа.
Според RTVE, зградата, во која претходно се наоѓаа канцеларии, добила одобрение за пренамена во туристички сместувачки капацитет. Градот ја издал лиценцата за новата употреба во февруари, објави радиодифузерот, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
