Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција

Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.
Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење од воздух со цел да се локализира пожарот.
Во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација до жителите на неколку населени места во западниот дел на областа Атика.
За време на гаснењето на пожарот вчера попладне се судрија два изнајмени хеликоптери, а животот го загубија двајцата членови на екипажот на едниот хеликоптер, односно пилотот, дански државјанин и координаторот, грчки државјанин.
Предистражната постапка за утврдување на причините и околностите под кои се случи несреќата ќе ја води грчката полиција и, како што информираа од противпожарната служба на Грција, ќе се спроведат сите предвидени дејствија, а местото на несреќата е затворено и го чуваат полициски сили.
По завршувањето на истрагата, оформениот предмет ќе биде доставен до надлежното јавно обвинителство.
За пожарите во Грција, кипарскиот претседател Никос Христодулидис рече дека Република Кипар, преку националниот координатор за цивилна заштита е во постојана комуникација со грчката Влада и е подготвена да помогне во акцијата за гаснење на пожарите.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
