Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат

Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува реванш четвртфиналето од Лига Европа против францускиот Монпелје. Противникот го доби првиот дуел со 33:23, што значи дека „црвено-црните“ ќе имаат исклучително тешка задача за да изборат пласман на Ф4 турнирот.
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, кој е прва сезона на клупата на Вардар, на прес конференцијата изјави:
– На првиот натпревар имавме и добри и лоши моменти. Бевме дисциплинирани во првиот дел, но во вториот дел „лошо“ отворивме и натпреварот се „сврте“. Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат. Мора да се претставиме во подобро светло и да веруваме дека таа разлика може да ја стигнеме. Но, никој не ни брани да сонуваме.
Чупиќ истакна дека за утрешниот дуел ќе смета на сите играчи што значи дека Јака Малус и Дмитро Горига, кои не настапија на првиот натпревар утре ќе бидат во составот.
Почетокот на дуелот реванш четвртфиналето Вардар – Монпелје е во 20:45 часот, а натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
