Македонија
7. September 2025 - 16:31
Црквите говорат за нашето наследство
Голем и импозантен е бројот на верските храмови кои го отсликуваат нашето културно наследство, но дел од нив се стасани во фаза на сериозно пропаѓање. Експертите посочуваат дека потребни се систематски истражувања на светилиштата . Во струшкиот регион има околу 60тина цркви кои датираат од 19 век век но има и постари како црквите во Радожда и Калишта .
Бројни податоци од историчарите говорат за пронајдени остатоци од верски храмови како што е црквата Света Богородица во Струга во близина на Женска плажа .
Стружани на празникот Успение на Пресвета Богородица во центарот на Струга каде се откриени темели на стара црква во обид да се ископаат дупки со багер каде требало да бидат поставени два билборда побараа да се возобнови светилиштето.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->