Македонија
11. September 2025 - 16:35

Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието

Во понеделник или вторник опозицискиот лидер ќе ја претстави резолуцијата со црвените линии. 

Премиерот се радува на резолуцијата но и бара време да може детално да ја разгледа

На крајот од минатиот месец опозицискиот лидер Филипче најави резолуција со црвени линии и побара поддршка од сите политички партии. Како што самиот објави, планот е сите партии да се согласат да ги внесеме Бугарите во Уставот а ако добиеме ново вето да ги прекинеме преговорите. 

Претседателката Сиљановска предлогот го нарече апсурден. Таа потсети дека Владата на СДСМ не ги почитуваше ниту резултатите од последниот референдум ниту пак резолуциите кои Собранието ги носеше претходно. 

Македонските преговори се заглавени откако претходната Влада го прифати Францускиот предлог иако беше свесна дека на тоа се противи огромното мнозинство граѓани.