Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
Црвеното ниво на безбедност во Србија ќе продолжи уште некое време и дека сите безбедносни служби во државата работат на откривање на верските екстремистички ќелии. Тоа го изјави денеска српскиот премиер Милош Вучевиќ
Во изјава за белградски медиуми тој додаде дека на целата територија на Србија полицијата и БИА (Безбедносно информативна агенција) спроведуваат акција за уништување на сите екстремистички ќелии.
„Тие спроведуваат понатамошни дејствија за разбивање на сите оние ќелии на екстремни верски организации кои ја злоупотребуваат религијата и верата заради постигнување одредени екстремни политички и терористички цели. Тие активности се вршат на територијата на цела Република Србија, освен во Косово и Метохија, инагласувам дека тие активности не се насочени против ниту една етничка или верска група“, нагласи Вучевиќ.
Тој им порача на припадниците на муслиманската вероисповед да не се чувствуваат загрозени и ги замоли сите кои не припаѓаат на таа вероисповед да не ги гледаат своите соседи и сонародници како опасност.
„Црвеното ниво на опасност ќе трае уште неколку дена и затоа е важно да не се даваат непримерни изјави на Бошњаците, бидејќи ова не е лов на нив, ова е борба против тероризмот. Ова е напад на државата, но ова е напад на наш граѓанин врз полицаец од нашата држава. Мислам дека ова е изолиран случај, но не можам да гарантирам дека ова нема да поттикне некој друг“, рече Вучевиќ.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Голем бод за Македонија против Белгија