ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари

До 18:00 часот, на територијата на државата регистрирани се вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола е еден, а изгаснати се 21 пожари, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Активи се пожарите кај Дрџински рид, м.в. Стојково, с. Русиново во Општина Берово, каде гори дабова, букова шума и папрат, близу с. Никуштак, Липковско е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, кај селата Варвара и Драчевица, во Општина Студеничани опожарена е мешана шума и ниска вегетација.
Во Општина Струмица помеѓу селата Муртино и Банско пожарот зафатил ниска вегетација, стрништа горат во село Фалише во Општина Тетово и ниска вегетација во Општина Долнени во село Секирци.
Под контрола е пожарот на дивата депонија Вардариште во Општина Гази Баба.
Изгаснати се 21 пожар во повеќе општини во државата каде горела главно ниска вегетација, во Општина Ресен на место викано Порој биле зафатени и јаболкови насади, во Општина Липково во селата Оризаре и Слупчане била опожарена и мешана шума и ниска вегетација, а во Општина Старо Нагоричане: с. Младо Нагоричане, маало Бузанци била зафатена од пожар кровна конструкција од плевна, наведуваат од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
