-->
-->
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-->
Активни се три пожари на отворен простор заклучно со 12:00 часот, од вкупно пет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е еден, а под контрола е еден пожар на отворено.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и во Општина Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума.
Под контрола е ставен пожарот во Општина Дојран кај с. Николиќ каде гореше нискостеблеста шума.
Изгастан е еден пожар во Општина Чучер Сандево кај с. Горњани каде гореше нискостеблеста шума.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот