Македонија
14. August 2025 - 13:15

ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен

На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати. 

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод –  кај селата Девич – Грешница, во општина Чешиново и Облешево – село Теранци, општина Јегуновце – меѓу селата Рогачево и Јажинце и во општина Сопиште – село Св.Петка. 

Изгаснати се пожарите во општините Демир Хисар, Струга, Делчево, Куманово, Старо Нагоричане, Сарај, Арачиново, Желино, Тетово и Гостивар.

 

МИА