ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево
На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината Гевгелија, во селото Вражале (каде горат борови насади) во општината Зелениково и во селото Норово (каде гори ниска дабова шума и ниска вегетација) во општината Крушево.
Под контрола се пожарите во селото Трубарево во општината Гази Баба, депонијата Дрисла во општината Студеничани.
Изгаснати се 12 пожари и тоа во нас. Идризово – кај Пилко (ниска вегетација) и кај Смилковското Езеро (ниска вегетација) во општината Гази Баба,
кај патарината Петровец (ниска вегетација) во општината Петровец, кај Вила „Јована“ (ниска вегетација и борова шума) во општината Прилеп, во селата Кошино и Житоше (ниска вегетација) во општината Долнени, во селото Сопот (грмушки и ниска вегетација) во општината Свети Николе, во селото Костурник (сено и ниска вегетација) во општината Куманово, во селото Младо Нагоричане (ниска вегетација) и во местото викано Св. Петка (ниска вегетација) во општината Старо Нагоричане, селото Станче (бор) во општината Ранковце и селото Равен (ниска вегетација) во општината Гостивар.
МИА
Ново на Сител
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти