ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
