ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Кочани, Куманово, како и два во подрачјето на општина Центар, од кои едниот на булевар „Македонија“, а другиот на улицата „Тодор Александров“.
Претходно, МИА информираше дека пожарот во демиркаписко Прждево зафати три постари куќи, а спасена е една повозрасна жена.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
-

Ауди ја престави третата генерација на Q7
-

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500
-

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци
-

САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета
-

Нова средба во Собранието за Изборниот законик
