Дачиќ: Не сум задоволен од резултатите на изборите, мислам дека СПС треба да најде нов лидер

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека не е задоволен од резултатите од изборите и дека е подготвен да ја напушти функцијата доколку се утврди дека на социјалистите им треба нов лидер.
- Презедов партија која имаше пет проценти, имавме различни резултати во изминатите 17 години откако јас сум претседател на партијата.
Овој резултат е, што се однесува до нас, незадоволителен и со СПС ќе разговарам што е најдобро за партијата.
Мислам дека е потребно да се најде нов лидер на СПС, рече Дачиќ во првичниот коментар за резултатите од изборите.
Тој им честиташе на Српската напредна партија, на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на претседателот на партијата, Милош Вучевиќ за, како што рече, убедливата победа на сите нивоа и рече дека СПС е подготвена да ја продолжи коалицијата со СНС доколку тие одлучуваат да го направат тоа.
Тој нагласи дека е најважно што изборите минаа во мирна и демократска армосфера:-Тоа е важно со оглед на најавите од претходните денови, рече Дачиќ.
Лидерот на СПА истакна и дека се подготвени да ја продолжат соработката со СНС на сите нивоа. -Горд сум на се што направивме добро во коалицијата со напредњаците и со претседателот на Србија.
Анализата што треба да се направи треба да се искористи за одлуки за идните насоки на СПС. Во таа смисла, подготвен сум да разговарам за нови кадровски решенија, изјави Дачиќ.
„Политиката е живот и во сето тоа има подеми и падови“, заклучи Дачиќ, кој не одговараше на новинарски прашања.
Ново на Сител
-

Украина нападна трафостаници во Крим, полуостровот остана без електрична енергија
-

Пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице
-

Победници во двојки на Macedonian Open 2026 се Марковски и Србљак
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
