Далас го победи Шарлот, прв триумф за Мемфис, Кливленд по седум години ги победи Вориорс

Далас Маверикс продолжуваат со одлични партии на стартот од сезоната, на домашен терен го победија Шарлот Хорнетс со 124:118.
Хорнетс водеа со 15 поени во првото полувреме, Лука Дончиќ не постигна кош во првата четвртина, но заврши со 23 поени, 12 скока и 9 асистенции. Го следеше Кајри Ирвинг со 18 поени и 10 асистенции, Вилијамс додаде 18 поени, додека Лајвли имаше 15 поени и 14 скока.
На другата страна блескаше Ламело Бол, кој постигна 23 од своите 30 поени (11-23 од поле), 10 скока и 13 асистенции во последната четвртина. Гордон Хејворд (9-23 од поле, 8.) и Пи Џеј Вашингтон (8-15 од поле) постигнаа по 20 поени.
Кливленд го совлада Голден Стејт со 115:104 и ја прекина серијата од 12 порази на Вориорс. Ова е прв триумф на Кливленд над Вориорс уште од 25 декември 2016 година.
Донован Мичел блескаше со 31 поен и 7 асистенции, Дариус Гарланд постигна 24 поени, Еван Мобли имаше 13 поени и 16 скока.
Кај Голден Стејт најдобар беше Стеф Кари со 28 поени, Дрејмонд Грин имаше 18 поени, 3 скока и 8 асистенции, а Клеј Томпсон даде 15 поени.
Мемфис против Портланд ја забележа првата победа оваа сезона, Гризлис славеа со 112:100. Дезмонд Бејн уфрли 27 поени.
Ново на Сител
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
