Македонија
3. July 2025 - 16:50

Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето

Проширувањето на европското семејство останува висок приоритет во следните шест месеци на данското претседавање со Унијата. Данската амбасадорка за Сител вели дека македонската влада знае што да направи во однос на проширувањето. Како претседавачи велат дека не сакаат да се мешаат во проблемот со Бугарија, бидејќи тие ја гледале земјава како мултиетничка држава за сите народи, земја кој припаѓа во ЕУ.

Македонската претседателка Силјановска-Давкова очекува ист третман во интеграциите како и за останатите земји кандидати. За време на данското претседавање вели важно е почитувањето на Копенхашките критериуми и европските закони, за да се спречи билатерализација на процесите.

Од 1 јули Данска го презема ротирачкото претседателството со ЕУ. Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска најави дека ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.