Македонија
13. October 2026 - 12:33

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците

Дали Безбеден град во Охрид ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците или ќе остане една форма на контрола без сообраќајна култура останува времето да покаже.

Според анектата која ја направивме, охриѓани се оптимисти и сметаат дека паричните казните се најефикасниот начин за воведување ред на патиштата.

Според податоците на СВР Охрид на оние места каде претходно беа поставени кaмерите на „Сејф Сити“ на автопатот Охрид - Кичево кај Горенци и Ново Село има намалување на сообраќајните незгоди со жртви и тешки телесни повреди.

Според статистиките во периодот јануари - август 2025 во сообраќајни незгоди животот го загубиле 96 лица, додека во истиот период во 2026 загинале 62 лица, тоа се 34 помалку загинати.

Намалување има и на настрадани лица од 4.731 на 3.868.

Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица.

Вкупниот број пак на сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840 односно за 11,76 проценти.

Сепак, експертите по безбедност во сообраќајот често посочуваат дека само казните не се доволни.

За долгорочно „освестување“ на возачите, потребен е комбиниран пристап едукација за развивање на сообраќајна култура од најмала возраст и подобра инфраструктура.