Дали чоколадното млеко е здраво за децата?

Иако можеби пиеле чоколадно млеко како деца, родителите вообичаено се прашуваат дали тоа слатко детско задоволство е здраво за нивните деца, пред сѐ – поради додадениот шеќер.
Според порталот „Парентс“ (Parents), чоколадното млеко е добро и за вас и за вашите деца. Имено, оваа напивка обезбедува калциум, витамин Д и други есенцијални хранливи материи. Тоа може да помогне во надополнувањето на недостатоците на хранливи материи со коишто се борат многу деца, а истовремено е одлична опција за пребирливите деца, или оние кои не го сакаат обичното млеко.
Чаша чоколадно млеко од 250 милилитри содржи приближно 150 калории, осум грама протеини, 24 грама јаглено-хидрати и 10 грама додаден шеќер. Иако има дополнителен шеќер, овој напиток сепак обезбедува хранливи материи што се важни за растот на децата. За споредба, шолја обично млеко содржи 105 калории и 12 јаглено-хидрати, без додадениот шеќер.
Млекото е основна храна за децата, бидејќи содржи 18 од 22 есенцијални хранливи материи. Истражување објавено во списанието „Нутришн енд метаболизам“ (Nutrition and Metabolism), во коешто учествувале примероци од населенија од целиот свет, ги открива здравствените придобивки и од млекото во исхраната, меѓу другото.
Така, се вели, чаша млеко дневно се поврзува со помала опасност од кардиоваскуларни болести, мозочен удар, висок притисок, метаболички синдром, дебелина, остеопороза, дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест.
Сепак, треба да се нагласи дека е точно тоа што, млекото со вкус на чоколадо или јагода може да содржи повеќе шеќер отколку што се препорачува за деца под двегодишна возраст.
Ново на Сител
-

12 мртви при пад на авион во Мисури, САД
-

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце, се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвораме нови можности за домашните компании
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
