Loading Video...
Македонија
24. October 2026 - 16:47

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?

Кој и да победи на утрешните претседателски избори во Бугарија позицијата кон Македонија нема да се смени, смета политичкиот аналитичар Петар Аросовски. За македонските евроинтеграции главна пречка ќе си остане барањето за внесување на Бугарите во Уставот.

-Мислам дека без оглед на исходот на претседателските избори, позицијата на Бугарија кон Македонија нема да се смени, се работи за структурна и стратешка позиција во основа која вели дека сегашната преговарачка рамка е европски консензус и тука нема простор за отстапки и не верувам дека тој став може да се смени од било кој индивидуален политичар во Бугарија, па дури и од претседател, изјави Петар Арсовски, политички аналитичар.

Утре во Бугарија, престедател и потпретседател ќе се избира помеѓу 27 кандидатски двојки. Според анкетите убедлива предност има актуелната претседателка, 62 годишната новинарка Илијана Јотова.

Таа има подршка од актуелниот Премиер и поранешен претседател  Румен Радев од владејачката партија Прогресивна Бугарија и Бугарската социјалистичка партија. Нејзин противник е економистот Андреј Ѓуров, поранешен технички премиер и заменик-гувернер на Народната банка, поддржан од прозападната реформска опозиција.

И двајцата имаат прилично јасен став за членството на Македонија во ЕУ.

-Би и дал предност на сегашната претседателка особено поради силната позиција на Радев во овој момент, но кој и да биде исходот позицијата нема да се смени, рече Арсовски

Дел од политичките структури во Бугарија во претседателската кампања ја користеа и Ива Михаилова која избега од Македонија среде судски процес во кој е обвинета за сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а имаше и тешко повредени.

-Политичките елити на Балканот секогаш биле така расположени кога се работи за национални чувства , тоа е случај и со последниот случај, но треба да се има во предвид дека сепак најрадикалните изјави доаѓаа од Каракачанов и Трифунов итн. кои сепак се аутсајдери во бугарската политика. Бугарските политички елити се повнимателни во овопј случај и не верувам дека тоа ќе стане целосно запалива реторика, сепак Бугарија и други земји на Балканот имаат поголеми проблеми од бегството на Ива Михаилова, смета аналитичларот Петар Арсовски.

Главните теми во кампањата во Бугарија беа војната на Русија и Украина, безбедноста во Црното Море и економијата со растот на цените на реагенсите и инфлацијата.

Ова се 8 ми по ред непосредни, демократски претседателски избори во Бугарија, од 1992 година.

Според прогнозите утре во Бугарија се очекува излезност околу 40 проценти, шѓто би значело дека ќе има втор круг на 1 ноември меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови.