Дали тоа што Даравелски знаел одамна дека е осуден ќе влијае на повторената судска постапка?
Драган Даравелски знаел дека е осуден но сепак успеал да го изигра правосудниот систем. Тоа што побарал помилување во 2009г. нема да влијае на одлуката на судот при повтореното судење. Адвокатите велат дека кривичниот совет не бил должен да прибавува докази тоа било работа на обвинителството. Штом постапката почнува одново а делото е веќе застарено, судот ќе мора да го ослободи.
Тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски го одбил барањето. Од Вила Водно велат дека во нивните записи стои потврда дека Даравелски побарал да биде помилуван.
Во евиденцијата има запис за примено барање за помилување на Драган Даравелски и одговор од 4 мај 2009г. Со оглед дека се поминати многу години документите веќе се предадени во Државен Архив.
Инаку Даравелски по 20 години бегство во Србија, на 11 јануари одлучи да се врати во земјава и веднаш беше уапсен на граница. Во затворот идризово беше до пред неколку дена по што судот одобри повторување на постапката бидејќи тој тврдел дека е осуден во отсуство и не знаел за пресудата. Инаку Даравелски доби казна затвор од 7 години за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Спроед пресудата додека бил директор на Царина тој го оштетил државниот буџет за 2.5 милиони евра. Додека беше во бегство, министерството за правда бараше екстрадиција, но властите во Србија не дозволија бидејќи Даравелски имал и српско државјанство.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
