Даночно затајување од 12,6 милиони денари - кривично пријавени две лица и фирма

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари.
Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н.О., државјанин на Република Турција и реален сопственик и управител на пријавеното правно лице во периодот од 2016 до 2021 година, по поднесувањето на последната завршна сметка во која била искажана нето-загуба од 834.571 денари, извршил промена на сопственичката и управувачката структура на компанијата. Како нов сопственик и управител бил евидентиран второпријавениот Е.М.
Финансиската полиција наведува дека за деловните години 2022, 2023, 2024 и 2025 не биле изготвени ниту поднесени завршни сметки, поради што набавена трговска стока во вредност од 32.054.759 денари била неосновано присвоена. Воедно, според наводите, не биле пресметани, пријавени и уплатени обврски за данок на додадена вредност во износ од 5.769.856 денари, како и данок на личен доход во износ од 3.561.283 денари.
Дополнително, пријавените не ги отпишале ниту ги прикажале како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години, во вкупен износ од 32.847.325 денари. Со тоа, според истрагата, не бил пресметан, пријавен и уплатен данок на добивка од 3.284.732 денари.
Од Управата за финансиска полиција информираат дека со наведените дејствија пријавените не ги исполниле законски утврдените даночни обврски во вкупен износ од 12.615.871 денари, со што, како што се наведуваат, е предизвикана штета на Буџетот на Република Северна Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Утре во Скопје терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар
-

Тошковски: Запленети 680 килограми стебла канабис, одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
