Македонија
13. јуни 2020 - 16:38

Дебарско-кичевската епархија апелира да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 за празникот Св. Еразмо

Со мерки на претпазливост манастирот Св. Еразмо ги отвара вратите за претстојниот празник.

Во Храмот ќе има богослужба по повод големиот светител на која ќе може да присуствуваат верниците но од дебарско кичевската епархија со апел да се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот бидејќи како што велат во соопштението и црквата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луѓе.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат во манастирот и да се помолат на големиот светител, дека ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание, велат од Дебарско кичевската епархија.

Во пештерската црква на Свети Еразмо на излезот од Охрид, огромен број на православните христијани доаѓаат, да се поклонат и да запалат свеќа на големиот свештеномаченик.

Граѓаните велат дека верските храмови треба да се отворени но да се почитуваат мерките за заштита.

Оваа година ќе изостанат и бројните тезги кои традиционално се поставуваа во манастирскиот двор.

Инаку празникот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, почнува утревечер со празнична богослужба а продолжува во понеделник во 7.30 часот со утрена богослужба додека Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот.