Македонија
16. March 2026 - 16:31

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите

Вирусите стивнаа, но деца со алергии почнаа да ги полнат ординациите на педијатрите. Лекарите велат дека поради затоплувањето и цветањето на некои дрвја периодов имаат зголемен број на пациенти со алергиска симптоматологија.

- Причинител секогаш во пролет е поленот од тревата, некои цвеќиња, дрвја кој предизвикува длабока кашлица. Која пак претставува големо вознемирување во семејството особено ако доминира во текот на ноќта, изјави д-р Светлана Смугреска, матичен педијатар

Доктор Смугреска со совет до родителите на своја рака да не им даваат терапија на децата. 

- Антихистаминикот само се дава кај алергискиот ринит, а нема да ја смири кашлицата која настанува поради промени кои анстануваат вбо дишните патишта од поленот, вели д-р Смугреска.

Периодов од голема корист на лекарите како што вели доктор Смугреска е следењето на нивото на полен во воздухот за да знаат поради што едно дете има интензивна кашлица, затнат или протечен нос.