Македонија
16. September 2025 - 10:41

Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него

Деца од градинката „13 Ноември“ во Центар пред две недели нашле наркомански шприц во дворот и си го додавале еден на друг пишува А1он. Подоцна се утврдило дека на него имало игла и дека дел од децата се гребеле или боцнале со неа а едно од децата дури го однело шприцот дома, сокриен во џеб.

Родителите се вознемирени, бидејќи  можело да се забележи дека шприцот бил оставен од наркозависник, а не се знае кои од децата го допирале шприцот и се изгребале, за случајот велат дека од градинката им било сугерирано да молчат.

Од А1он се обиделе одговор да добијат од директорката на градинката, но не успеале да воспостават контакт.