Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
Дефект на магистрален вод го остави речиси цело Скопје без парно. Неколку часа греење немаше во Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Центар. Во другите делови од градот радијаторите беа многу млаки. Некои од училиштата ја прекинале наставата.
„Почитувани родители поради најавен дефект од ЕСМ, кој е во можност може да си го земе детето бидејки нема греење“ пишува во порака испратена во вибер група на основно училиште. Слични пораки добиле родители и од други училишта, но и градинки. Граѓаните кои ги анкетиравме велат во студено не се седи. Дел вклучиле клими, дел ги извадиле ќебињата.
Од ЕСМ велат испораката на топлинска енергија е намалена поради загуби на вода во мрежата. Екипите го лоцирале проблемот во магистрален вод во Центар и го локализирале дефектот.
„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод“, вели Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија
На парно во Скопје се греат 63 илјади домаќинства.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
