Дејан Митровски-Урко по втор пат во две години избран за најуспешен тренер селектор на годината

- Им благодарам на сите што го дадоа својот глас за мене и допринесоа да ја добијам оваа престижна нагарада. Благодарност до Агенцијата за млади и спорт, која најмногу веруваше во нас и секогаш е наша најголема поддршка во остварувањето на нашите успеси. Сакам да упатам благодарност и до Сојузот на спортски федерации на Македонија, Советот за спорт при Агенцијата за млади испорт и до Спортските медиуми, изјави Дејан Митровски- Урко при прием на наградата за најуспешен тренер селектор на годината.
- Морам да истакнам дека оваа награда е резултат на колективната и тимска работа во нашата федерација, па наградата ја сметаме како заедничка. Среќен сум што Кик боксот во нашата земја е веќе препознатлив, вреднуван и во постојан прогрес. Во последниве години доминираме со масовност како во колективните спортови и имаме серизни достигнувања и резултати. Вербата во нас од страна на нашите поддржувачи, како и оваа награда, ќе ми бидат мотив за остварување на уште поголеми резултати во иднина. Без разлика во кој спорт, огромна чест и задоволство на секој Македонец е да допринесе да се пее македонската химна и вее македонското знаме ширум светот. Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија на овогодишниот избор на најдобар спортист бомбардираше со номинации на најдобрите, истакна Урко.

- Нашата федерација имаше 7 номинации од кои:
- номинација за најдобар селектор тенер Дејан Митровски Урко, номинација за најдобар спортист Бобан Илиоски, номинација за најдобра спортистка Мери Акиевска,
- номинација за најуспешна федерација - Кикбокс Маитаи федерација на Македонија, номинација за најуспешна спортистка Андреа Костовска, номинација за најуспешен млад спортист Силвио Мировски и номинација за најуспешна млада спортистка Марија Димовска.
Од 7 те наши номинации добивме статуетки за најдобри во три номинации за:
- најдобар селектор тренер Дејан Митровски Урко
- најдобар спортист Бобан Илиоски,

- најдобра спортистка Мери Акиевска (оваа награда и номинација иако е од друга федерација, ја сметам за лична, бидејќи Мери заедно со Бобан се дел од тимот на МАГНУС центарот).

- Благодарност на довербата и подршката на мојот тим да ја предводам нашата федерација и на тимската работа во федерацијата, а доказот за сработеното е видлив и истиот се наградува, додаде тој.
Ново на Сител
-

НАСА се подготвува за новата мисија со луѓе на Месечината - прва по 53 години
-

Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!
-

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци
-

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
-

Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
