Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
Македонската репрезентација во првото коло од Дејвис купот Трета Европска зона стартуваше со максимална победа од 3:0 против Малта. Триумфот има поголема тежина ако се знае дека поради повреда нашиот најдобар играч Калин Ивановски денеска не беше во можност да игра.
По двата сингл триумфа на Берк Бугариќ и на Стефан Мицов и македонската комбинација Бугариќ, Амар Хусеиновиќ со 2-0 во сетови ги совлада ривалите Лиам Деликата и Страхиња Ѓукиќ со 64 и 76(3) во сетови. Во првиот сет единствениот брејк македонските тенисери го направија во деветтиот гем и поведоа со 5:4, а го освоија и следниот за да го добијат сетот со 6:4. Во вториот сет противниците поведоа со 3:0 во гемови по брејкот, но македонската комбинација изедначи на 3:3, па сетот беше решен во тај брејкот. Македонија орва направи брејк и поведе со 3:1 во поени, но Малта изедначи на 3:3, по што следуваа решавачките четири поени за македонскиот дубл за конечни 7:3 на поени или 7:6 во гемови.
Во другите два дуела од првото коло: Молдавија – Ерменија 3:0 и Летонија – Црна Гора 2:1.
Утре во второто коло ќе играат: Македонија – Црна Гора (централен терен), Молдавија – Малта (терен број 5), Летонија – Ерменија (терен број 8).
Почетокот на мечевите е во 10:30 часот, а влезот на терените на ТК Југ е слободен.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри
-
Трамп: Израелските напади врз Иран се одлични
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран