-->
-->
Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-->

Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1.
Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (76(4) и 62).
Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај брејкот македонскиот дубл направи „мини брејк“ за 3:1 на поени и со тоа ја имаше предноста во „13. гем“ и го доби со 7:4 на поени.
Во вториот сет веднаш на стартот, Ивановски и Приходко направија брејк и потоа во осмиот гем од сетот со уште еден брејк ставија точка на успешниот настап во Молдавија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
