Дејвис: Загреб е во серија и не очекува тежок меч
Македонските претставници на европската ракометна сцена, Вардар и Пелистер Еурофарм утре и задутре продолжуваат со настапите во најсилните натпреварувања.
Вардар во среда во рамките на Лигата на шампионите го пречекува тимот на Загреб во желба да се врати на позициите кои водат во плеј-оф фазата.
Црвено – црните се свесни за својата ситуација во групата и затоа посакуваат победа против хрватскиот тим но и реванш за поразот во Загреб.
Да потсетиме дека противникот има одлична серија од 7 победи и ќе се обиде во ист стил да продолжи и во Скопје.
Вардар го чека овој меч по големата победа во Франција.
Овој натпревар со нетрпение го очекуваат и фановите на Вардар кои веруваат во новиот тренер Давид Дејвис и посакуваат заеднички успеси. Токму дуелот со Загреб кој се игра во среда од 20ч и 45 минути во СЦ Јане Сандански е шанса за нова радост.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар