Дел од општините мака мачат да ги наплатат даноците
Ковид пандемијата „удри“ и врз буџетот на општините. Помалку од 2/3 од 16 500 обврзници за плаќање на данок на имот за физички лица и 360 правни лица ги подмириле обврските по овој основ кон општина Штип, во 2021-ва година.
-Претходната година, заклучно со 31.12., наплатата на данокот е 61 %-изјави Драган Каров-ЛС-Штип.
Според новиот Закон за оданочување на недвижен имот, граѓаните и фирмите треба да го пријават имотот кој не го користат. За стан во кој не се живее подолго од 6 месеци, ќе се плаќа три пати повисок данок на имот. Законски предвидениот рок за пријавување во општинските служби истече на 31 јануари, со минимален одзив на граѓаните.
-Заинтересираноста беше многу мала и имаме околу 30-тина известувања од граѓаните и фирмите- додаде Каров
Локалната администрација новите решенија ќе ги изготви до крајот на месец март, а граѓаните и фирмите ќе можат да ја платат вкупната сума или на 4 рати по квартали.
-По 15-ти октомври, општината изготвува опомени за истите и потоа пристапува кон присилна наплата за оние кои што нема да платат- изјави Каров
Средствата прибрани по овој основ се наменети за реализација на инфраструктурни проекти во општините.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар