Македонија
3. јуни 2025 - 12:17

Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања

Претставници на дел од синдикатите се сретнаа со претседателот на Комисијата за економски прашања Бојан Стојаноски и со предлагачите на измените на Законот за работни односи по скратена постапка.

На средбата се разговараше за намалувањето на прагот за репрезентативност на синдикатите, од 10 на 5%. Синдикалците кои беа присутни се задоволни од измените. Сојузот на синдикати на Македонија не присуствуваше на состанокот.