Делегација на парламентарното собрание на Советот на Европа, е во Македонија
Собранието треба да е дел од дел од сите преговори преку кои се води дијалог од кој произлегува договор, ова го укажал претседателот на македонскиот парламент Трајко Велјановски на средбата со Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која е во предизборна мисија за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.Како што соопшти собраниската пресс служба Велјановски потенцирал дека отсуството на Собранието во преговорите е голем недостаток во разрешувањето на политичката криза во државата имајќи предвид дека реализирањето на договорот во најголем дел се одвива преку Собранието.
Првиот парламентарец на делегацијата им ги претставил актуелните случувања во државата по својот хронолошки развој, како и својата улога и улогата на Собранието во целата политичка сцена. Како што се наведува во соопштението тој потенцирал дека според уставно-правната регулатива во моментов не постои можност за свикување собраниска седница и укажа дека сите политички фактори треба да си преземат одговорност и да покажат зрелост во однесувањето.
Делегацијата на ПССЕ имаше средба и со лидерот на опозицијата Зоран Заев. Во соопштението од СДСМ се наведува дека на средбата се разговарало за актуелната политичка криза при што Заев потенцирал дека трите клучни услови за регуларни избори не се исполнети што е јасно и за домашната и за меѓународната јавност. Избирачкиот список не е прочистен, медиумски реформи не се спроведени, партијата не е одвоена од државата, а кулминација била одлуката на Иванов за аболиција, стои во соопштението од СДСМ.
Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа попладнево се сретна и со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и членови на владејачката партија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
