Демант од МВР на наводи од Левица

Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста.
Имено, во однос на постапката за избор на правно лице за добивање на лиценца за испитен центар Битола, информираме дека согласно соодветен Правилник во Министерството за внатрешни работи постои Комисија за разгледување на барањата поднесени по претходно објавен јавен конкурс. Согласно овој правилник, Комисијата врши оценување на правните лица, изготвува бодовна листа и ги одредува најдобро оценетите правни лица кои конкурирале.
Изборот по објавениот конкурс беше изведен согласно пропишаните законски критериуми и норми а на јавниот конкурс беа пријавени „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола и Друштвото за услуги „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола.
Кандидатот за испитен центар „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола НЕ ПРИЛОЖИЛ важечки договор за користење на сообраќаен автодром (полигон) во Подружница „Сообраќаен испитен центар АМ-пријавно место Ресен„ кој е еден од основните предуслови за функционирање на испитен центар, како резултат на што НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите за вршење на пропишаната дејност согласно член 244 став 1 алинеа 4 и став 2 алинеа 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и постојните подзаконски акти.
Тргнувајќи од законски пропишаните надлежности и одредби, Министерството за внатрешни работи, согласно член 240 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го избра правното лице „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола, кое единствено ги исполнуваше законските услови и кое ќе ги извршува работите на организирање и спроведување на возачките испити на подрачјето на СВР Битола.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на своите законски обврски со цел овозможувајќи им на граѓаните квалитетни услуги, на целосно транспарентен начин, но истовремено апелира до политичките и други субјекти да не ја дезинформираат јавноста со шпекулации и невистини.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
